logo
logo
logo

Обвинителство го демантира ДУИ: НИТУ ЕДЕН ОБВИНИТЕЛ НЕ СЕ ПОВЛЕКОЛ ОД ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ

Vecer | 17.04.2025

Обвинителство го демантира ДУИ: НИТУ ЕДЕН ОБВИНИТЕЛ НЕ СЕ ПОВЛЕКОЛ ОД ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација, е одговорот на Јавното обвинителство на новинарските прашања откако ДУИ денеска преку соопштение кажа дека „аларм за целото општество се информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата“.

„Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија“, велат од Јавното обвинителство.

Оттаму појаснуваат дека од истрагата не се повлекол ниту обвинител што е дел од тимот на кочанското јавно обвинителство ниту обвинител од обвинителството за борба против организиран криминал и корупција кое ја води истрагата само за осомничените полицајци.

Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение кажа дека „аларм за целото општество се информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата“.

„Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од  предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество. ДУИ бара јавно и веднаш обвинителството да одговори пред граѓаните дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага и дали обвинителството ќе дозволи да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата?“, се наведува во соопштението на ДУИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk