logo
logo
logo

Обука за пинг-понг за лица со попреченост

Vecer | 03.09.2022

Обука за пинг-понг за лица со попреченост

На Спортскиот аеродром Стенковец денеска ќе се одржи обука за пинг-понг за луѓе со попреченост, во организација на Здружението на лицата со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Аероклубот Скопје. Настанот не е ограничен само за лица со попреченост, бидејќи целта и мотивот на организаторот е вклучување на сите што се заинтересирани за овие спортски активности. – Во пинг-понгот за луѓе со попреченост важат спортските правила со тоа што спортистите без попреченост ја симулираат попреченоста на противникот. На пример, доколку едниот е во количка, другиот игра седејќи на стол. Овој вид вежбање ги подобрува когнитивните вештини и менталната сила и е многу корисен и забавен за деца/луѓе со интелектуална или физичка попреченост, соопшти организаторот. Настанот ќе опфати основи на играње тенис на маса (пинг-понг), вежби во групи и мал турнир. Обуката е од отворен тип е и не е потребна претходна најава за присуство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk