Според изворите на порталите во иста ќелија во затворот во Шутка се двајца луѓе осомничени за инволвираност во ист настан, двојно убиство во Шише Бар во Стара чаршија, што значи дека управата на затворот со знаење им дала иста ќелија во која можат да се договараат како да настапат пред обвинителството и судот.
Притворениците се поврзани со двојното убиство во Шиша Бар во Старата турска чаршија. Едниот притвореник Дритон Малиќи е човекот кој од Урошевац го купил возилото што се користело за трансфер на убијците во Урошевац.
Малиќи е во иста притворска просторија со Фатљум Ајети за кој според извори во обвинителството има основано сомневање дека е во врска со извршителите на убиството.
По информацијата за скандалот во Шутка Обвинителство и Судот ќе мора веднаш да реагираат и ако се утврди дека директорот Филип Андов свесно ги ставил притворениците во иста ќелија тој ќе мора да биде притворен или повикан на распит, тврдат изворите на expres.mk.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата