logo
logo
logo

ЌЕ СЕ ЛЕТА ПАК ДО БАРСЕЛОНА, нова линија и до Лион

Vecer | 28.04.2025

ЌЕ СЕ ЛЕТА ПАК ДО БАРСЕЛОНА, нова линија и до Лион

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

Според најавите, летови за Барселона ќе има двапати неделно, секој вторник и сабота, а за Лион трипати, секој вторник, четврток и сабота. Авиолиниите се реализираат со субвенции од Владата. „Виз ер“ согласно Договорот за финансиска поддршка, од 29 септември треба да ја воведе и авиолинијата Скопје – Штутгарт, која ќе ја опслужува три пати неделно, во понеделник, среда и петок, а од 27 март се опслужува линијата Охрид – Истанбул.

Со последниот повик за субвенционирани летови беше најавено дека повторно ќе има лет на релацијата Скопје – Дубаи и требаше да стартува на од 30 март, но „Флајдубаи“ побара нејзино пролонгирање за наесен.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела на седница за пратенички прашања во информација за посетата на Обединетите Арапски Емирати рече дека се преговара за линија од Абу Даби до Охрид, а вицепремиерот Александар Николоски претходно соопшти дека се разгледуваат и можностите за авиолинија Скопје – Прага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk