logo
logo
logo

НОВ СИЛЕН ЦИКЛУС НА ЕКОНОМСКИ РАСТ - Договорот со Обединетото Кралство ќе овозможи изградба на брза железница на Коридорот 10

Vecer | 24.05.2025

НОВ СИЛЕН ЦИКЛУС НА ЕКОНОМСКИ РАСТ - Договорот со Обединетото Кралство ќе овозможи изградба на брза железница на Коридорот 10

Со договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство на Македонија и се става на располагање најголема економска рамка од 6 милијарди евра. Со договорот ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Еден од проектите за имплементација е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување,  за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Ќе започне нов силен циклус на економски раст.

Овие крупни инвестиции и проекти се од витално значење на државата кои ќе донесат и нови инвестиции, ќе се поттикне регионалната соработка, ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари.

Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и ќе создадеме можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции, кои носејќи капитал во нашата држава, ќе отворат и можности за нови вработувања, стои во соопштението

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk