logo
logo
logo

Николоски: Законот за амнестија е очаен дил на партијата што се продаде за две куќи во Тафталиџе и крими светот надевајќи се дека така ќе обезбедат гласови

Vecer | 03.10.2023

Николоски: Законот за амнестија е очаен дил на партијата што се продаде за две куќи во Тафталиџе и крими светот надевајќи се дека така ќе обезбедат гласови

Да бидам директен, ова е директен дил помеѓу политичката партија која што се продаде за за две куќи во Тафталиџе и криминалците во Македонија. Арбен Таравари и другар му Меџити, кој стана министер за здравство, заедно со другиот пријател Лога којшто е повеќе пријател на Зијадин Села, имаат договор со крими-светот во државава надевајќи се дека така ќе добијат гласови. Тоа е најочајната работа што можат да ја направат, а всушност карактерот си го покажаа со тоа што се продадоа за две куќи во Тафталиџе, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер го коментираше законот за амнестија кој власта го турка по секоја цена.

Николоски додаде дека овој потфат доаѓа како резултат на тоа што во последно време благодарение на меѓународните истраги, кој ја опфаќаа и Македонија, се случија акции за спречување на меѓународни ланци за трговија со кокаин и сега целта на овој закон е луѓето опфатени во тие акции да се ослободат.

„Не може криминалци да се ослободуваат. Таму веќе имаат детални списоци кој треба да излезе и зашто треба да излезе. Една од основните грижи, сериозен ќе бидам за ова, иако иронично ќе звучи, е тоа што цената на кокаинот на улиците во македонските градови е поскапена затоа што имаше акции во изминатиов период пред се предизвикани од потребата меѓународни ланци за трговија со кокаин да се пресечат и дел од тие луѓе се во затвори со далеку пониски казни од тоа што реално, по мене , следува за трговија со наркотици, но со ова тие луѓе ќе излезат или да се блиску до излегување со цел дистрибутивната мрежа на кокаин низ државата, а и транспортната нагоре кон Север и надолу кон Југ оснажи и да може да се спушти цената на кокаинот, потенцираше Николоски.

Тој уште еднаш ја потврди и решителноста на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволи овој штетен закон да помине во Собранието на Република Македонија.

„Најавивме излегување од Собранието доколку власта реши законот за амнестија, но гледам удрија рикверц и решија да не го пуштат со европско знаменце. Барем така најавија но сеуште не е стигнато до Собранието, така што чекаме да видиме во каква процедура ќе го пуштат. Ако го пуштат со европско знаменце излегуваме од Собрание, а ако го пуштат во редовна процедура тогаш ќе го блокираме. Така што тој закон нема да помине како и да е“, заклучи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk