logo
logo
logo

Николоски: Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ напиша книга од Фејсбук-статуси, ама не кажа ни збор за францускиот предлог или за барањето да се промени Уставот

Vecer | 25.09.2023

Николоски: Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ напиша книга од Фејсбук-статуси, ама не кажа ни збор за францускиот предлог или за барањето да се промени Уставот

За вкус на многумина ние бевме и претолерантни во контекст на ова што јавно се случува, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата 360 Степени што се емитува на јавниот сервис на МТВ.

„Да не заборавиме дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ остана политички активен преку своите настап во јавност во целиот изминат период и имаше ставови за многу политички прашања вклучително и за тунели под Водно, но немаше став за начинот на кој се промени името и за дејствувањето на Сашо Мијалков во тој период или тој зборува за се само не за клучните прашања“, вели Николоски.

Според него се е многу јасно се ако се направи анализа на ставовите на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Некој нека направи затоа што тој и книга извади од фејсбук статуси, дали од објавување на францускиот предлог до обзнанувањето од наша страна на тоа што се прави позади сцената збор има кажано за францускиот предлог или дали има збор кажано за барањето да се промени Уставот, дали има кажано еден збор. Јас ќе ви кажам дека нема кажано“, посочи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk