logo
logo
logo

Николоски: Нa локалните избори ние го пензиониравме Заев, а по парламентарните ќе одговара и за криминалот

Vecer | 25.09.2023

Николоски: Нa локалните избори ние го пензиониравме Заев, а по парламентарните ќе одговара и за криминалот

Ние не комуницираме со Заев, ние го пензиониравме него на локалните избори. Ние политички го пензиониравме, Заев даде оставка по поразот на локалните избори, а тој беше резултат на ова раководство кое е сега на ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателot на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата 360 Степени која се емитува на јавниот радиодифузен сервис МТВ, а говорејќи за обвинувања за соработkа на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ.

Николоски укажа дека по изборите кога ќе се смени власта ќе биде се испита работата на Заев.

„По промената на власта детално ќе ја испитаме неговата работа по промена на власта и доколку има одговорност ќе одговара“, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека нападите од партијата сега се кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ.

„Додека беше претсеадтел на партијата и на Владата логично ударот да е кон него, кон Заев, а сега е кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, двајцата како двоец“, заклучи Николосоки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk