logo
logo
logo

Николоски ќе учествува во МИСИЈАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ во Босна и Херцеговина

Vecer | 27.09.2023

Николоски ќе учествува во МИСИЈАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ во Босна и Херцеговина

Пратеникот Александар Николоски, како известител определен од Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, од денеска до петок ќе учествува во мисијата за утврдување на фактите во Босна и Херцеговина.

-Босна и Херцеговина се наоѓа во мониторинг фаза со Парламентарното собрание на Советот на Европа, што продразбира периодични посети од известителите на Мониторинг комисијата кои водат тековен дијалог со властите и го оценуваат напредокот на државата во исполнувањето на обврските кои потекнуваат од Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права, другите конвенции на Советот, кои земјата ги ратификувала, како и останатите обврски преземени при приемот во Организацијата кои се однесуваат на одржување на највисоките демократски стандарди и стандарди за човекови права, соопштија од Собранието.

Известителот Николоски, во име на Европските народни партии, заедно со извесителот Золт Немет, во име на Европската конзервативна група и Демократската алијанса, во текот на тридневната мисија во Сараево и Бања Лука ќе остварат средби со претседателот на Уставниот суд, министерот за правда, министерот за човекови права и бегалци, високиот претставник за БиХ, потоа членови на Претставничкиот дом и на Домот на народите, членовите на Централната изборна комисија и претставниците на дипломатскиот кор во Босна и Херцеговина, а предвидена е и средба со претседателот на Република Српска.

По посетата, двајцата известители ќе изготват извештај за напредокот на државата, кој прво ќе биде претставен пред членовите на Мониторинг комисијата, а потоа, ќе следи гласање за текстот, кој ќе ја претставува заедничката позиција на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk