logo
logo
logo

НЕ СУМ ДАЛ ДОЗВОЛА ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВО УЧИЛИШТЕТО НА ВАЊА - Градоначалникот Герасимовски ги демантира хрватските новинари

Vecer | 10.12.2023

НЕ СУМ ДАЛ ДОЗВОЛА ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВО УЧИЛИШТЕТО НА ВАЊА - Градоначалникот Герасимовски ги демантира хрватските новинари

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања.

„Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола, на хрватски новинари да влезат во училишето. Влезот е строго контролиран и дозвола за влез може да даде само директорката на училиштето“, вели Герасимовки во својот пост на Фејсбук.

Новинарите разговарале со наставничката на Вања, која ја извести мајката дека таа не дошла во училиште денот на нејзиното исчезнување.

Претходно беше објавено дека директорката на училиштето избркала новинарски екипи кои сакале да фотографираат, а како што рекле имале дозвола од градоначалникот Герасимовски.

Новинарите разговарале со наставничката на Вања, која ја извести мајката дека таа не дошла во училиште денот на нејзиното исчезнување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk