Полицијата ноќеска во Скопје уапси Нигериец кој нападнал полицаец и носел пиштол без дозвола.
„На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола“, соопшти полицијата.
The post Нигериец нападнал полицаец во Скопје, носел пиштол без дозвола appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата