logo
logo
logo

Случајот стигна и до НАТО

НЕПРИФАТЛИВО ДУРИ И ЗА ДРЖАВИ ШТО ВОЈУВААТ – Муцунски остар кон Бугарија по објавата за семејството на Мицкоски

Vecer | 24.06.2026

НЕПРИФАТЛИВО ДУРИ И ЗА ДРЖАВИ ШТО ВОЈУВААТ – Муцунски остар кон Бугарија по објавата за семејството на Мицкоски

Бугарскиот амбасадор во земјава вчера бил повикан во нашето Министерство за надворашни работи и надворешна трговија (МНРиМТ) и од него било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста за патување во Пампорово на сопругата и синот на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Истовремено за случајот се информирани и претставници на нашите стратешки партнери и НАТО, информираше денеска на прес-конференција министерот Тимчо Муцунски изразувајќи сериозна загриженост за вакците постапки во соседна Бугарија.  

- Во текот на вчерашниот ден беше повикан амбасадорот на Бугарија во МНР каде што го изразивме високиот степен на незадоволство и нарушувањето на односите преку еден ваков гест и побаравме објаснување и темелна истрага од страна на соседна Бугарија како е дојдено до ваква ситуација - изјави министерот за надворешни работи.

Муцунски нагласи дека и согласно меѓународното право вакво нешто е неприфатливо во меѓусебни односи независно од тоа што, како што рече, некои држави имаат меѓусебни политички тензии, па дури и војуваат.   

- Тоа е за нас еден неприфатлив начин на меѓусебно функционирање посебно кога се во прашања движења на членови на семејства на државни функционери. Безбедноста е прв приоритет. И на територијата на нашата држава постојано се случува да се движат членови на семејства на високи странски претставници, сами странски претставници, некогаш и во приватни цели, но никогаш не се случило таков документ да излезе во јавност. И доколку би се случило такво нешто првиот чекор што би го направил е јас да се извинам на таа држава, бидејќи очигледно немало доволно висок степен на безбедност во рамките на институцијата. Второ што за мене е загрижувачко е што излегуваат лични податоци поврзани со сопруга на претседател на оваа Влада и со малолетно дете - рече Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk