logo
logo
logo

НЕМА РАМПА, возовите во Македонија се убијци без казна

Vecer | 05.08.2021

НЕМА РАМПА, возовите во Македонија се убијци без казна

Кога ќе прочитате дека во Македонија воз удрил визило, или усмртил човек, тоа веќе и не е вест туку рутина за македонските железници кои не ја извршуваат својата озновна безбедносна задача - функционлани рампи на железничките премини.

Директорот на Македонски железници Аднан Азизи е партиски избор, таму е за тендери и партиски вработувања, не одговара пред законот туку само пред партијата, а во меѓувреме возовите се убијци кои демнат од зад аголот. Директорот не одговара за тоа.

Последниот пример, за време на илинденските празници, снимен во живо е нефукнционалната рампа во Орешани, општина Зелениково: рампата стои подигната, возот кој заради дрвјата и кривината може да се забележи дури кога ќе стаса на десетина метри од минувачите поминува на пругата а се друго е среќа, или енсреќа, на тие што се нашле на лице место.

Во Кривичниот законик постојат повеќе одредби за загрозување на безбедноста, особено со несовесно невршење на функцијата но, за ДУИ и нвините кадри Кривичниот законик не важи затоа што нивниот партнер СДСМ треба да ја плати помошта во полнење гласачки кутии за изборите.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk