logo
logo
logo

НЕМА НОВИ СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ, отворени две телефонски линии за информации

Vecer | 24.05.2025

НЕМА НОВИ СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ, отворени две телефонски линии за информации

Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со Mpox и оти тие немаат никакви симптоми на заболување. Двете лица кај кои е констатиран вирусот, како што информира ИЈЗ, се во добра состојба.

Од Институтот соопштуваат дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање.

Во текот на вчерашниот ден беа објавени препораки на веб страната на ИЈЗ до граѓаните. Дополнително, ИЈЗ изработи краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи и истиот беше доставен до Министерството за здравство кое што ги проследи до надлежните здравствени институции. Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок, се наведува со соопштението на ИЈЗ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk