logo
logo
logo

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ТРИКОВИ КАЈ ТРГОВЦИТЕ: Мицкоски најави контроли не само кај маркетите туку и кај дистрибутерите и производителите

Vecer | 02.05.2025

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ТРИКОВИ КАЈ ТРГОВЦИТЕ: Мицкоски најави контроли не само кај маркетите туку и кај дистрибутерите и производителите

Премиерот Христијан Мицкоски по денешниот увид на градежните проекти во Кавадарци, како одговор на новинарско прашање за завршувањето на мерката со ограничени маржи во маркетите, рече дека во наредниот период ќе се проверуваат евентуални манипулации со цените и кај самите производители.

Трикови нема да дозволиме да се случат, некој може да се обидува, но тоа нема да се случи. Разговарав со министерот и директорот на пазарниот инспекторат за засилена контрола. Не само кај трговците, туку и кај дистрибутерите и производителите, кај влезните фактури да видиме да не има трикови, не само тие кои ги пордаваат производите на рафтови.

Според Мицкоски, мерката која ги контролираше профитните маржи на основните прехранбени производи кај трговците, го дала својот ефект,по нејзиното завршување на 1 мај.

- Мерката доведе до намалување на цените и смирување на инфлацијата. Имаме 2,7 проценти инфлација која е најниска во регионот, додаде Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk