logo
logo
logo

Не очекува раат време, уживајте во благата есен

Vecer | 26.09.2023

Не очекува раат време, уживајте во благата есен

Метеорологот Славчо Попоски објави дека ни претстои мини лето.

„ Иако календарски есента веќе ни започна, сепак на убавите денови им нема крај. По краткотрајната промена на времето која се случи, како и по невремето во западните и во југозападните предели од нашата држава, ни следува ново “Мини лето”.

Во следните денови ќе имаме малку облаци, малку сонце, но и ветер од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

И покрај релативно свежите утра, преку ден ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, а во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе достигнуваат и до 30 степени.

Врнежи во следните денови нема да има, иако повремено и локално има услови за сосема слаб дожд.

И во Скопје и околината времето ќе биде слично, пријатно топло со ветер од североисточен правец.

Уживајте во мини летото во следниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk