logo
logo
logo

Не ги пакувајте јакните и капутите, ДОАЃА УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ

Vecer | 02.04.2025

Не ги пакувајте јакните и капутите, ДОАЃА УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ

Облачно време со врнежи од дожд се очекува и до крајот на неделата. Потоа, според најавите на УХМР, следува поладно време, со пониски температури

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде од 4 до 10 степени, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната темепература ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 15 степени.

Облачно време со врнежи од дожд се очекува и до крајот на неделата. Потоа, според најавите на УХМР, следува поладно време, со пониски температури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk