logo
logo
logo

НАЈМНОГУ ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА НЕВЛАДИНИ од еден регион

Vecer | 26.12.2023

НАЈМНОГУ ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА НЕВЛАДИНИ од еден регион

Невладините организации кои добиле пари од владата се доминантно лоцирани во региони каде живеат Албанци, пишува Експрес.

Тие пишуваат дека ова го открива мапата направена врз основа на местото на регистрација на добитниците на државни пари од министерството за политички систем кое го води Артан Груби.

Според владината одлука 33 непознати за пошироката јавност граѓански организации на 6 месеци пред избори добиле по 10 илјади евра за чудни проекти од владата во ист ден.

,,Одлука за финансирање на #ГО од Министерство за политички систем. Донесена и објавена во Службен Весник во ист ден (19.12.23)! Сите побарани и одобрени буџети 600.000 мкд за сите организации! Концентрација во еден-два региони! Дали е доволно за постапување на ДКСК, ЈОРМ, КСЗД, ПБПК”, пишува Сашо Клековски човек кој речиси 3 децении е дел од невладиниот сектор и одлично ги познава невладините организации а кој не важи за нациоаналист.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk