logo
logo
logo

Раст на добвика до 2.746%!

Нафташите пливаат во пари од профитот. Во првите пет и скандалозната фирма РКМ!

Vecer | 03.10.2023

Нафташите пливаат во пари од профитот. Во првите пет и скандалозната фирма РКМ!

Анализата што ја направи порталот Пари покажува дека двете водечки компании во бизнисот со нафтени деривати, Окта и Макпетрол, имаат спротивни резулатати. Сепак, тие и во самиот нафтен бизнис имаат различни активности.

Окта, со речиси 71 процентно учество во вкупниот увоз на нафтени деривати, е најголем трговец на големо што испорачува гориво и за бензинските пумпи на Макпетрол, а има и свои бензиски пумпи. Макпетрол, пак, држи една третина од вкупниот број на бензиски пумпи во државава. Окта минатата година прикажала раст на добивката од 44 насто, додека Макпетрол имал пад од 6 насто.

Но, и покрај падот на добивката, Макпетрол минатата година остварила рекорден профит во однос на сите фирми што се занимаваат со некакви нафтени деривати. Сепак, приходите на „Макпетрол“ не се само од нафтата туку, компанијата има и други дејности како што се: гасот, дополнителниот асортиман во продавниците , продажба на асортиман од познатиот бренд за компјутреи и технолошки решенија DELL и хотелот во Струга.

Податоците покажуваат дека петте компании со најголема добивка во нафтениот бизнис лани оствариле вкупен профит од над 44 милиони евра.

Најголем профит остварил Макпетрол, кој лани направил заработка од 21 милион евра, но сепак тоа е помалку од прекланските 22,3 милиони евра. Она што паѓа в очи е што иако има намалена добивка од 6 насто, има значителен раст на приходот од 67 насто, и тој во 2022 година изнесувал 611,5 милиони евра.

Увозот и продажбата на нафтените деривати ѝ донеле на Окта приход од речиси 1 милијарда евра и тој е за 129 насто поголем отколку во 2021 година, додека профитот ѝ се зголемил за 44 насто и лани таа остварила добивка од 8,9 милиони евра.

На трето место по добивка е РКМ. Пари веќе пишуваше дека оваа компанија има најголем раст на добивка, од дури 2.746 насто, и ги објави интересните факти за компанијата и нејзиниот сопственик Ратко Капушевски (https://pari.com.mk/kapushevski-so-najgolem-rast-na-dobivka-vo-nafteniot-biznis-negovoto-ime-beshe-dezurno-vo-javnosta/). РКМ најмногу е ориентирана кон бизнисот со мазут и лани остварила добивка од 6,2 милиони евра со направен приход од 110,8 милиони евра со неверојатен раст на добивката од 2.746%!.

РКМ е фирма за која последниве месеци се пишува дека е со заничетелен удел на семејните бизниси на Али Ахмети и Ратко Капушевски, поранешниот партнер на рускиот бинисмен Самсоненко.

Во 2021 РКМ беше дел од голема афера за која пишуваше ИРЛ:

“Нафтата се увезуваше со лажни тарифни броеви, нечисто масло се произведуваше и се дистрибуираше низ целата земја, некои компании немаа лиценци, други складираа нафта во несоодветни складишта или во услови кои ги прекршуваат техничките барања. Во сите тие случаи нафтата била конфискувана.

Меѓу седумте санкционирани компании беа Евротим и РКМ ДООЕЛ - за кои пишуваа фирмите OCCRP и IRL во мај. Владината истрага, пак, утврди дека уште пет прекршиле различни правила и стандарди: Пертинакс-Скопје, Супертрејд, Ли-оил ДБ Кавадарци, Блу Технолоџис и Ка-оил Енергија Кавадарци.

„Сите наоди се доставени до Јавното обвинителство за понатамошна обработка и утврдување на кривична одговорност“, рече Николовски.

До денес нема резултат од најавената истарага на Обвинителството

Лукоил е на второ место по број на бензиски пумпи во Македонија. Од вкупно 376 бензински пумпни станици, оваа компанија има 35. Приходот на компанијата во 2022 година во однос на 2021 година се зголемил за 58 насто, достигнувајќи 152,9 милиони евра, а добивката се зголемила за 83 насто, достигнувајќи 4,9 милиони евра.

Петтата позиција од најпрофитните компании ја држи Пуцко петрол. Лани направила добивка од 3,2 милиони евра, што е 12 насто помалку од 2021 година, иако има раст на приходот за 67 насто, со што приходите ѝ биле 80,4 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk