logo
logo
logo

„На Трпе Деановски од УПОЗ и Трендафилов од ССМ, НЕ ИМ ЗА РАБОТНИЦИТЕ, ТУКУ ЗА МИЛИОНСКИТЕ СУМИ КОИ ГИ ЗЕМААТ“

Vecer | 30.03.2025

„На Трпе Деановски од УПОЗ и Трендафилов од ССМ, НЕ ИМ ЗА РАБОТНИЦИТЕ, ТУКУ ЗА МИЛИОНСКИТЕ СУМИ КОИ ГИ ЗЕМААТ“

Лажната заложба за неоснованите барања за минимална плата на Трпе Деановски и Слободан Трендафилов е веќе прочитана. Трендафилов кој на големо одработува за СДС, си се координира и со синдикалците на батерии, кои се насадени од СДС на тие позиции, за да извршуваат партиски насоки и агенди, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Доказ за тоа дека се лажни синдикалци и воопшто не им е грижа за работниците е тоа што според информациите кои ги имаме, Трпе Деановски од УПОЗ, зема 4 пати поголема плата од минималната плата, односно 104.000 денари.

Истиот тој Трпе Деановски, ги лаже работниците во очи, додека тој се луксузира на нивен трошок, а притоа за 2024 година и првите 2 месеца од 2025 година, тој има добиено 1.800.000 денари плата и додатоци.

Додека ги лаже работниците за минималната плата и дека се бори за нив, тој има земено за само една година, 69 минимални плати, односно околу 30 илјади евра.

Синдикалецот на батерии, Деановски за една година земал пари колку што работниците кои демек  тој ги застапува, не можат да земат ниту за 6 години.

Трпе Деановски работи по насока на Слободан Трендафилов, кој  работи по насока на СДС. Тие се веќе прочитана приказна и нивното лицемерие не поминува, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk