logo
logo
logo

На првиот човек на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, му забраниле влез во Македонија, бил „опасност за националната безбедност“

Vecer | 04.05.2022

На првиот човек на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, му забраниле влез во Македонија, бил „опасност за националната безбедност“

На Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, утринава не му бил дозволен влез на територијата на Република С.Македонија, соопшти Факти.бг.

Како причина за забрана за влез во државата било посочено дека претставувал „опасност за националната безбедност“.

Стојанов е бугарски активист за правата на македонските Бугари. Тој се обидел да влезе во Македонија за да учествува на чествувањето на 119-годишнината од погибијата на Гоце Делчев, што го организирала фондацијата „Македонија“.

-Се наоѓам на Ѓуешево на границата со Република С.Македонија. Од македонските граничари бев задржан повеќе од пет часа и на крајот ми врачија забрана за влегување во давата. Како причина за забраната во документот е наведено опасност за нивната национална безбедност, вели Стојанов за Факти.

Тој додава дека утринава повторно ќе се обиде да влезе во Македонија, зашто имал настан на гробот на Гоце Делчев, по повод 119-годишнината од неговата погибија и оти за настанот го информирал бугарското Министерство за надворешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk