Доколу воопшто има лидерска средба и доколку СДСМ ќе стане појасно дали Ковачевски е полтрон на ДУИ или не.
Ова го порачаа од ВМРО-ДПМНЕ денеска во реакција, откако пратеникот од СДСМ Дарко Каевски на прес конференција изјави дека Мицкоски е пред одлука дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски.
- Ако СДСМ мисли дека некој во земјава верува дека Артан и Талат се европјани и за европски вредности, тогаш или го потценуваат народот или толку се корумпирани што не смеат да писнат од ДУИ, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Каевски изјави дека вќе следната недела ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата