На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беа усвоени знамето со црвена боја и со 16-крако златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци.
Тоа беше замена за дотогашното знаме со идеолошки симбол од времето на СФРЈ, односно Социјалистичка Република Македонија, кое исто така беше со црвена основа и со ѕвезда петокрака.
[caption id="attachment_924508" align="alignnone" width="979"] Знамето на СР Македонија од 1946 до 1991 година[/caption]
Новото знаме со 16-кракото македонско сонце се користеше до 5 октомври 1995 година, кога беше сменето со сегашново – црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци…
Смената на знамето беше извршена под притисок на Грција и со поддршка од тн. меѓународна заедница, со образложение дека ќе биде прекината блокадата од страна на Грција што беше воведена кон Република Македонија.
Почнаа со смена на знамето, на Уставот и, како што е познато, пред две години со промена и на името на Република Македонија.
Симболот што беше на државното знаме на Република Македонија, кој беше користен и на многу други места, по потпишувањето на Договорот од Преспа, сегашнава, се уште актуелна власт, почна да го отстранува и со брусилици да го гребе од јавните површини.
Па така е постигнат контраефект.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата