Починал од сепса по дренирање на заб. Младиот 25 годишен Ванчо од Берово добил сепса откако наопаку му бил поставен дрен во штипската болница. Неговите блиски за случајот известија на социјалните мрежи.
„Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па, да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години, пишува Слаџана Ризинска.
Таа додава дека ова е срам за цела држава.
„Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веќе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно“, додава таа.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса.
Смртта на пацеинтот ја потврдија и од штипската болница.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата