logo
logo
logo

МВР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Има телефонски измами, не давајте лични и банкарски податоци преку телефон

Vecer | 09.01.2025

МВР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Има телефонски измами, не давајте лични и банкарски податоци преку телефон

Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID.

-Никогаш да не споделувате лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон. Доколку се сомневате дека сте биле жртва на ваква измама, веднаш да го пријавите случајот во најблиската полициска станица, апелира МВР.

Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите.

Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска со телефонските измами и утврди дека за манипулација со повици можат да се користат повеќе алатки како што се VoIP Услуги.

-Услугите за глас преку интернет протокол (VoIP) овозможуваат корисниците да вршат повици преку интернет. Многу провајдери на VoIP нудат функции како пренасочување на повици, маскирање и рутирање преку виртуелни броеви. Потоа, апликација за лажирање: Софтвер и апликации, како “SpoofCard” или слични алатки, овозможуваат корисниците да го изменат Caller ID што се прикажува. Овие алатки се често промовирани за приватни или деловни цели, но може да бидат злоупотребени. Исто така измамниците користат PBX Системи (Приватни Разменувачки Мрежи): Бизнисите користат PBX системи за управување со дојдовни и излезни повици. Овие системи можат да пренасочуваат повици преку различни броеви и да го изменат Caller ID за професионални цели, информираат од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk