logo
logo
logo

МВР: Поршето не е на полициски службеник, настанот е од 22 март, НАПИШАНА Е КАЗНА

Vecer | 04.04.2025

МВР: Поршето не е на полициски службеник, настанот е од 22 март, НАПИШАНА Е КАЗНА

Видео снимката која ги преплави социјалните мрежи, во врска со автомобил „Порше“ кој е непрописно паркиран во Дебар Маало, е од настан кој се случил во сабота, на 22 март, потврдуваат од МВР за Курир.

-Возилото е подигнато од страна на ПОЦ и од страна на СВР Скопје издаден е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник, појаснуваат од Министерството.

Според она што се слуша на видеото, возилото стоело повеќе од 4 часа на велосипедска патека, а полицаецот кој е присутен заедно со вработените во пајак службата вели дека возилото е службено, а сопственик е полицаец на должност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk