logo
logo
logo

МВР: Aко го забележите или знаете ова лице, повикајте полиција

Vecer | 18.08.2023

МВР: Aко го забележите или знаете ова лице, повикајте полиција

Во врска со кривично – правниот настан од 11 август на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

- Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР, соопштија денеска од МВР.

МВР ги повикува граѓаните доколку го забележат ова лице или имаат какви  било сознанија за него кои може да помогнат во истрагата што ја води СВР Тетово во координација со јавен обвинител, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk