logo
logo
logo

Мојата визија е МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ДРЖАВА НА МОЖНОСТИ, а не на изговори

Vecer | 18.06.2026

Мојата визија е МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ДРЖАВА НА МОЖНОСТИ, а не на изговори

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод 36-тиот роденден на партијата одржан под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, порача дека Македонија мора да забрза, да се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, бидејќи граѓаните на оваа држава, Македонија, тоа го заслужуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја искажа неговата визија за Македонија како држава на можности во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите.

„Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори. Држава во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите. Сакам држава која не чека подобри времиња, туку сама ги создава. Земја која се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности. Македонија мора да забрза. Не затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што нашите граѓани го заслужуваат. И кога ќе нè прашаат што не движеше во овие времиња, одговорот ќе биде едноставен: љубовта кон татковината. Љубов посилна од сите пречки. Вера посилна од сите сомнежи. И народ посилен од сите предизвици“, рече Мицкоски. 

Претседателот Мицкоски потенцира дека Македонија не се предава и не застанува, напротив, како што вели тој, Македонија забрзува, а ова е почеток на едно ново поглавје во кое се испишуваат нови успеси и дела за кои ќе сведочат и ќе ги паметат генерациите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk