За вчерашната кавга помеѓу пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот министер за правда од редовите на ЗНАМ, Игор Филков, премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека и двајцата имаат право да имаат лош ден.
– Владината коалиција е стабилна. Пратеникот Антонио Милошоски е член на Извршниот комитет на партијата и тој е дел од мојот најблизок периметар. Соработката со него ја оценувам на највисоко ниво. Од друга страна, знам со какви проблеми се соочува министерот Филков, но она што можев да го заклучам е дека секој има право на лош ден, а јас мислам дека лошиот ден помина и за Милошоски и за Филков. Граѓаните да бидат спокојни, Владата е стабилна – порача премиерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата