logo
logo
logo

Митески: Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад

Vecer | 16.05.2025

Митески: Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад

Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Очигледно е дека кога ќе се соочи со критика, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Формалната игра со титули не ја менува реалната слика на терен – улиците се преполни со ѓубре, а јавните претпријатија се нефункционални, реагира в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

- Ако Арсовска не е одговорна за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“, тогаш кој е? Дали со ова признава дека можеби градот нема никаков надзор врз службите што треба да го одржуваат Скопје чист?, прашува Митески и додава дека граѓаните на Аеродром и на целиот град не сакаат политичка игра на зборови – сакаат функционален систем и чиста околина. Наместо да се крие зад прес-соопштенија, Арсовска треба конечно да излезе на терен, да се соочи со реалноста и да почне да работи.

- Градот не се води од фотелја, туку со резултати. А тие се – очајни. Службите на општина Аеродром продолжуваат интензивно да работат во интерес на граѓаните, а за тоа говорат и фотографиите во прилог, вели во својата објава в. д. градоначалникот на Општина Аеродром.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk