logo
logo
logo

Мисајловски: Војниците ќе добијат нови униформи

Vecer | 06.05.2025

Мисајловски: Војниците ќе добијат нови униформи

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се купувале чизми, се даваа толку многу опрема и пакети за Украина, а не велам дека не требало, но требало тоа да се искомпензира на друг начин како што други земји тоа го направиле, рече министерот за одбрана во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

- Во овој момент сакам да знаете дека околу 100 милиони денари ќе се распише тендер за нова борбена униформа, за нови чизми, за се она што следи и е потрено согласно правилниците за војниците, зборувам за целосна опрема. Следната година ќе има уште повеќе сретства за целосно подобар изглед и за се она што им е потребно на војниците. Паралелно направивме договор за 4.000 комплети за борбена униформа со Турција, склучивме договор за чизми, мораме паралелно да ги правиме за да ги подобруваме условите на војниците, истакна Мисајловски.

Мисајловски рече дека моменталната ситуација не може да се промени наеднаш, но беше дециден дека тој чекор по чекор ќе ја промени таа ситуација за која во минатото не се грижел никој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk