logo
logo
logo

Милевски: Нова влада за 10 дена, Заев ќе ја поднесе оставката деновиве

Vecer | 03.11.2021

Милевски: Нова влада за 10 дена, Заев ќе ја поднесе оставката деновиве

Најавената оставка на премиерот Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар, а за 10 дена, веројатно, ќе се избере и нова влада.

Оваа динамика на политичката сцена по неделните избори, но и отворените дилеми дали Заев ќе се повлече дури пред Нова година вечерва ја најави владиниот партнер на Заев - лидерот на ЛДП Горан Милевски. Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.

Милевски  потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката за оставката поради лошите изборни резултатите. Тој нагласи и дека очекува да се зголемува владејачкото мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива од која се чека одговор дали ја прифаќа ваквата понуда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk