logo
logo
logo

Мицкоски: Кацарска ги осуди обвинителите, ЗАЕВ ЈА УНАПРЕДИ ВО УСТАВЕН СУДИЈА

Vecer | 26.04.2021

Мицкоски: Кацарска ги осуди обвинителите, ЗАЕВ ЈА УНАПРЕДИ ВО УСТАВЕН СУДИЈА

Во минатото тоа се потврди како судска пракса кога се враќаше случајот Сопот, Монструм затоа што така лажеше Зоран Заев како опозиционер и со тоа се воведе нова судска пракса. Не гледам зошто да не се направи пак и во случајот со обвинетите за 27 април,  рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телефонското јавување во емисјата Јади Бурек на телевизија Сонце.

Според него судијката која ги судеше случаите беше како на испит за промоција за уставен судија. Мицкоски укажа дека Кацарска што ги судеше по сто години уставобранителите Зоран Заев ја унапреди во уставен судија, и оти очигледна е монтираноста на случајот.

„Стопанот Заев гледаше од страна и ако не беше задоволен таа немаше да стане уставен судија, ама тој беше задоволен“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека има судска пракса која може да биде повторена.

„Тоа беше и едно од барањата на вчерашниот протест за уставобранителите. Ценам дека делото тероризам е пренагласено и политички монтирано“, заклучи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk