logo
logo
logo

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со Законот за амнестија, тогаш нека ја напушти владата веднаш

Vecer | 03.10.2023

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со Законот за амнестија, тогаш нека ја напушти владата веднаш

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ од Охрид запрашан дали Спасовски прави театар или вистинско изразување за незадоволството со тоа што кажа дека не го поддржува Закон за амнестија рече дека Спасовски има две опција.

-Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, втората опција која ја има Спасовски е да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму.

-Втората опција е да престане да прави театар и да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму. И тие треба да добијат намалени затворски казни или дел од нив да добијат и целосна амнестија, за да потоа се најдат повторно на улиците и да повторно прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија, додаде Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk