logo
logo
logo

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ - то и пликото што им било дадено

Vecer | 23.09.2023

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ - то и пликото што им било дадено

При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации  УСБ и плико со документи што биле дадени на Џафери и Ахмети истакна дека  треба Џафери и Ахмети да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото што им било дадено.

„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и  Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи ти ги добиле два од трите документи“, нагласи Мицкоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk