Адвокатот Тони Менкиноски во гостувањето во „Само Вистина" рече дека претходната власт немала добра дипломатија и дека токму затоа се наоѓаме во уценувачка позиција да мора да ги внесеме Бугарите во уставот.
„Претходната власт имаше недостиг на добра дипломатија, добро лобирање, и затоа сме во оваа позиција сега, да правиме некои измени на уставот со одложено дејство, што лично јас сметам дека не се правнички, не се согласно меѓународните стандарди нити меѓународно правни. Ние го сменивме името под притисок од страна на тогашните западни лидери и тогаш го сменивме името и беше основа дека ќе не внесат и во Европсата унија. Сега овие се дополнителни уцени според мене каде што се бара да бидат внесени Бугарите во македонскиот устав.
Според него се ова што се случува дава нов патоказ во светот
Дали ние сега ќе влеземе или не, мислам дека е безначајна за граѓаните. Точно е дека да, ние ги сакаме тие цивилизациски придобивки, владеење на правото, слобода на движење во ЕУ, почитување на човековите права, но очигледно за да стигнеме до нив треба да се само себе избришеме. Секогаш Европа кога се милитаризира имаме проблем во светот. Во овој момент треба добро да се измерат нештата, а не да се оди по европски форуми и да се бара по секоја цена да се влезе во ЕУ. Проблемот помеѓу нас и Бугарија не е правен. Тоа е долгогодишен, стогодишен и политички е проблемот. Проблемот ние го имаме со Бугарија ние, и тука е прашањето дали ние ја гледаме големата слика како држава за тоа дали имаме визија каде одиме. Можеме легитимно да речеме дека немаме евроатлански аспирации во овој период на развојот на Македонија и тоа треба да го кажеме политички, а со тоа да се каже и дека немаме намера да преговараме со Бугарија под овие услови, вели Тони Менкиноски во Само Вистина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата