logo
logo
logo

Малолетник возел автомобил полн со оружје, кривично ќе одговара таткото

Vecer | 25.01.2025

Малолетник возел автомобил полн со оружје, кривично ќе одговара таткото

Во четвртокот (23.01.2025) околу 19,10 часот во скопското село Волково, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје запреле и извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Притоа, било констатирано дека возилото го управувал малолетник од Скопје, а во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и трите други парчиња огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар.

По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко Д.Н. поседувал дозвола, додека другите два пиштола ги поседувал без дозвола.

По документирање на случајот и во кооординација со јавен обвинител, против Д.Н. е поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk