logo
logo
logo

Малиот Павел Блажевски го фати Светиот крст во Дебар, ПОСАКА ЗДРАВЈЕ И СРЕЌА ЗА СИТЕ

Vecer | 19.01.2024

Малиот Павел Блажевски го фати Светиот крст во Дебар, ПОСАКА ЗДРАВЈЕ И СРЕЌА ЗА СИТЕ

При фрлањето на Светиот крст во Дебар најсреќен беше деветгодишниот Павел Ангеловски, кој и минатата година го фати крстот, положен во водата на базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде што е и седиштето на Дебарската парохија.

Пресреќен сум. Посакувам здравје и среќа за сите, рече Павел.

По светиот крст се фрлија Павел и Дарко Блажевски.

Годинашните кумови, семејството на Љупчо и Татјана Узуновски, соодветно го даруваа и Павел и верниците.

Пред положувањето на светиот крст, намесникот на Дебарската парохија Миле Ангеловски, отслужи Света Златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани кои денес живеат во други градови во земјава.

Големиот христијански празник, Богојавление – Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион. По повод Водици, дојдени се поранешни жители и нивните потомци. По празнувањето посебно се препознатливи селата Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk