Македонското еколошко друштво успеа да лоцира уште еден балкански рис, објави организацијата на Фејсбук.
-Станува збор за млада женка, која ја крстивме Зора. Тешка е 15,5 килограми. Ова е 15-от балкански рис на кој МЕД му постави околувратник, преку кој собираме драгоцени информции кои ни помагаат за закрепнувањето на овој наш најдраг подвид, обjави Македонското еколошко друштво.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата