logo
logo
logo

Македонскиот јазик е јазикот на нашите предци, нашите песни, приказни и молитви, јазикот кој не обединува, кој ја носи душата на еден народ

Vecer | 05.05.2025

Македонскиот јазик е јазикот на нашите предци, нашите песни, приказни и молитви, јазикот кој не обединува, кој ја носи душата на еден народ

Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија упати честитка по повод 5 Мај, Денот кога го чествуваме македонскиот јазик, нашата тивка сила, нашата историја испишана во зборови.

Тоа е јазикот на нашите предци, на нашите песни, приказни и молитви. Јазикот кој не обединува низ генерации и простори, јазикот кој ја носи душата на еден народ што премолчено зборуваше и зборува со достоинство.

Љупчо Сантов запишал:

Јазикот е татнеж на вековите што не смеат да замолчат.

И навистина, секој македонски збор што ќе го изговориме денес е потврда дека постоиме, дека траеме.

Крсте Петков Мисирков, уште во 1903 година, со визија што не обврзува и денес, запиша:

Ние сме за тоа сите во Македонија да се нарекуваме Македонци и нашиот јазик да го нарекуваме македонски.

Блаже Конески, таткото на современиот македонски литературен јазик, не потсети:

Нашиот јазик е нашата голема татковина.

Во тие зборови се скриени сите наши стремежи, болки и победи. Тоа е јазикот на создавање, на отпор и на иднина.

Да го чуваме, негуваме и славиме македонскиот јазик, не само како културно наследство, туку како жива сила што не дефинира и ни дава иднина. Среќен Ден на македонскиот јазик!, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk