logo
logo
logo

Македонски министер во Македонија комуницира на македонски. Точка

Vecer | 24.03.2026

Македонски министер во Македонија комуницира на македонски. Точка

При посета на Тетово од страна на новинар и беше посочено на министерката за образование Весна Јаневска да си земе преведувач на албански на што таа одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.

При денешната прес-конференција новинарите го прашаа премиерот Христијан Мицкоски за неговиот коментар во врска со вчерашната изјава на новинар кој по втор пат и порача на министерката за образование Весна Јаневска, кога доаѓа во Тетово да земе преведувач. Мицкоски одговори дека понекогаш е подобро да се премолчи, бидејќи некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани.

Понекогаш тоаш то нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани затоа што ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Така да подобро да премолчите отколку да влезете во таа естрада“, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами, министерката за образование Весна Јаневска вчера присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.

Пред министерката Јаневска да даде изјава за медиумите, еден од новинарите ја праша дали си земала преведувач.

Не“, одговори Јаневска.

На забелешката дека претходно ѝ било укажано да понесе преведувач при посета на Тетово, министерката возврати:

Не ми треба. Јас не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, додаде Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk