logo
logo
logo

Македонски државјанин ПОЧИНАЛ ВО АВТОБУС ВО СРБИЈА – СЕ ВРАЌАЛ ОД ГЕРМАНИЈА ЗА СТРУГА

Vecer | 15.05.2025

Македонски државјанин ПОЧИНАЛ ВО АВТОБУС ВО СРБИЈА – СЕ ВРАЌАЛ ОД ГЕРМАНИЈА ЗА СТРУГА

Седумдесетгодишен маж починал денес околу 10:00 часот во близина на Михајловац Србија, во автобус кој патувал од Германија кон неговиот роден град.

Според српските медиуми починатиот маж, како што е наведено, е од Македонија, најверојатно од Струга, а првата помош му ја укажале сопатници кои застанале на паркингот на ресторанот „А1 Експрес“ во Михајловац, помеѓу Белград и Ниш.

По 30 минути, на местото на настанот пристигнале брза помош и полиција кои се обиделе да го реанимираат несреќниот човек, но тој не можел да биде спасен.

Причината за смртта сè уште не е позната, а телото е предадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk