logo
logo
logo

„Од сон до реалност, за вечност“: Македонија го слави 8 Септември- Денот на независноста

Vecer | 08.09.2025

 „Од сон до реалност, за вечност“: Македонија го слави 8 Септември- Денот на независноста

По повод Денот на независноста – 8 Септември, кога пред 34 години граѓаните на демократски начин, на референдум гласаа за самостојна и суверена држава, денеска, под мотото: „Од сон до реалност, за вечност“ ќе се одржи свечена академија на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. 

Свечената академија ќе се одржи во 10 часот во Македонската филхармонија.

Утрово ќе биде положено цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на државата Киро Глигоров, на вепретседателот Борис Трајковски и првиот претседател на Владата Никола Кљусев. 

На референдумот за суверена и самостојна држава Македонија, кој се одржа на 8 септември 1991 година, според официјалните податоци на ДИК , од 1.495.807 граѓани со право на глас, излегле 1.132.981 граѓанин или 75,75% од вкупниот број граѓани со право на глас.

На референдумското прашање позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани, односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).

Честит 8 Септември, Македонијо!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk