logo
logo
logo

Локализиран пожарот кај Охис, нема опасност од линданот

Vecer | 05.08.2021

Локализиран пожарот кај Охис, нема опасност од линданот

Локализиран е пожарот во кругот на ОХИС, потврди заменик командирот на противпожарната единица која се справуваше со огнот.

Според него еден од пожарникарите е однесен на Клиниката за токсикологија кому му се слошило од вдишан чад.

Остануваат екипи кај Управната зграда, бидејќи во неа имаше посилен оган. Оган горел и врз депонијата со линдан, но се претпоставува дека тоа не предизвикалo разгорување или активирање на опасната хемикалија.

Од државниот инспекторат за животна средина велат дека нема опасност од труење на воздухот.

Пожар избувнал на три одвоени места и затоа и било проблематично гаснењето со две возила, бидејќи останатите се испратени по други терени низ скопскиот и другите региони во земјава.

Повикан е и стечајниот управник на ОХИС со оглед на тоа што е опожарена управната зграда.

Според претставниците од Државниот инспекторат за животна средина, огнот не зафатил хемикалии и нема никаква опасност по здравјето на луѓето и животната околина.

Сообраќајот по булеварот „Борис Трајковски" од безбедносни причини, но и за да имаат пристап противпожарните екипи, е затворен и сообраќајот се пренасочува кон други локални патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk