Три кандидтури пристигнале до Собранието за главната обвинителска функција до последниот ден на огласот – обвинителките Фатиме Фетаи од Вишото скопско обвинителство и Лидија Раичевиќ од Основното обвнителство и обвинителот Љупчо Коцевски од Републичкото ЈО, објавува Телма.
Ќе се чека уште неколку денови во случај да пристигнат и кандидатури преку пошта.
За мотивацијата и програмата Фетаи најави дека ќе се произнесе во наредиот период. Таа е обвинителка од 2011 во ОЈО Скопје. На пошироката јавноста и стана позната откако беше избрана во СЈО. Од април 2021 е во скопското Вишо обвинителство. Лани се пријави и за шеф на ова обвинителсто, но во последен момент се повлече.
Раичевиќ е обвинителка во ОЈО Скопје од 2003, а еден мандат гонеше и организиран криминал и корупција. Меѓу предметите познати на јавност се за екс директорот на Онкологија Нино Васев, за убиството на Пино Секондо, случајот Ровер против Љубе Бошковски и предметот Еразмус. Таа посочува двата клучни мотиви поради кои се пријавила. Првиот е зголемување на довербата на јавнообвинителската функција и вториот мотив е корупцијата која е наречена епидемија, а доктори за лечење на таа епидемија се јавните обивнители.
Коцевски бил во адвокатурта 16 години од каде во 2008 е избран за обвинител во Вишо обивнителство Гостивар. Во јануари 2022 е унапреден во републичкото. Во телефонски разговор за Телма куси најавил дека ќе биде отворен за медиумите и во наредниот период ќе ги презентира своите ставови.
Извор: Телма
Фото: Принтскрин Телма ТВ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата