logo
logo
logo

ЛЕКУВАЊЕТО ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ Е ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА, плус поддршка од 150 илјади денари за секое семејство засегнато во несреќата, ќе се помага и понатаму

Vecer | 21.03.2025

ЛЕКУВАЊЕТО ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ Е ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА, плус поддршка од 150 илјади денари за секое семејство засегнато во несреќата, ќе се помага и понатаму

Силната желба да се помогне е разбирлива и повеќе од оправдана и за почит. Но како Влада апелираме и замолуваме да не се шпекулира со информации дека на пациентите и на семејствата им е потребна финансиска поддршка.

На семејствата и на пациентите не им е потребна помош, на сите пациенти лекувањето ќе им биде обезбедено од државата. За сите ќе обезбедиме се што е потребно за здравствеанта нега. Во исто време во име на Владата и во мое име сакам да им се заблагодарам на сите членови на Црвениот крст и на сите волонтери кои несебично помагаат во целиот процес. Дополнително на сите членови на семејството ќе им биде обезбедена помош за сместување и превоз во местата каде се лекуваат наши граѓани.

- Финансиска поддршка од 150 илјади денари за секое семејство засегнато во ужасната несреќа, за покривање на тековни дневни најитни трошоци, но ова нема да биде еднократна помош. Членови на црвениот крст, службата за општи и заеднички работи на секои три часа контактираат со семејствата, да проверат што им е потребно. Правиме се што можеме и апелираме да не се споделуваат шпекулации - укажа Митева и дополни дека ќе следува и дополнителна помош за семејствата.

Митева укажа дека досегашните контроли во вкупно 83 објекти утврдиле дека само 23 објекти работеле со лиценца, досега 13 не исполнуваат минимум технички услови, и се изготвуваат документи до институции за забрана за вршење дејност.

Кај пет субјекти регистрирани како кабаре објекти, кои изминатиов период работеле со истечени лиценци, им е издадена забрана за вршење.

Кај остнатите 41, кафуле, кафиц и слично, кај 30 има неправилности за вршење дејнсот, изречени се 28 прекршочни одредби и две наредби за затварања. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk