logo
logo
logo

КУЌЕН ПРИТВОР за Ламбе Алабаковски

Vecer | 09.06.2022

КУЌЕН ПРИТВОР за Ламбе Алабаковски

Судскиот совет на Основниот суд – Битола реши поп-пејачот Ламбе Алабаковски, во оваа фаза од истрагата, да биде пуштен од притворот во притворското Одделение на КПУ Затвор – Битола и да биде префрлен во куќен притвор.

Спроведувањето до домот на Алабаковски го изврши битолската полиција, со што е уважено барањето на неговиот адвокат Дарко Стефановски, осомничениот за палање на вратата од Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, да биде префрлен во домашен притвор.

Домот на Ламбе Алабаковски во Битола го надгледуваат полициски службеници на битолскиот СВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk