Кози се искачија на кровот на нервното одделение во Струмица, објави порталот Струмица денес.
Нејасно е како козите се нашле таму и како успеале да се искачат но од порталот се прашуваа дали планираат некој немил настан или само се фотографираат.
Која и да е причината, ова е недозволиво за една здравствена установа. Фотографијата е само одраз на негрижата кон здравствениот систем и незаинтересираноста за здравството во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата