logo
logo
logo

Ковачки: Срамно е некој да ви остави ер трактори за гаснење пожари и да не ги сервисирате

Vecer | 05.08.2021

Ковачки: Срамно е некој да ви остави ер трактори за гаснење пожари и да не ги сервисирате

Некој да ви остави опрема, да ви остави ер трактори и да не ги сервисирате за само 400 илјади евра, да ви остават 10 хиликоптери, а да ви останат само два за употреба и да не ги сервисирате и одржувате. Срамно е да имате и безпилотни летала кои може да ги користите за рано детектирање на пожари, а да ги исфрлите од систематизација“ вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Ковачки укажа дека факт е оти надлежните и Владата не инвестирале ниту денар во опремата за детектирање и гаснење пожари.

„Не ми е јасно само се бара помош од други држави, има ли оваа држава институции. Мисли ли државата да прави нешто пожарите бесенеат веќе неколку дена. Едно е јасно, не е инвестирано ништо во опремата за гаснење на пожари, па лето е, не може пожарите да изненадат“, вели Ковачки.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на одговорноста за ситуацијата со пожарите.

„Одговорноста прво се лоцира на локално ниво, кај градоначалниците значи, тие се командати, второ на централно ниво, каде е Дирекцијата за заштита и спасување, каде се останатите надлежни институции. Последниве години инвестирани се нула денари за одржување на опремата, на канадерите. Два тендери им пропаѓаат, зошто? Надлежните се должни да преземат активности и да ја одржуваат опремата која им е оставена“, заклучи Ковачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk