logo
logo
logo

Ковачки: СДСМ иако ветуваше една изборна единица, сега не го поддржуваат законот, тие ги изманипулираа малите партии

Vecer | 06.06.2022

Ковачки: СДСМ иако ветуваше една изборна единица, сега не го поддржуваат законот, тие ги изманипулираа малите партии

Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за Топ Тема на ТВ Телма истакна дека партискиот став е јасен, односно дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата на помалите партии поднесена во Собранието за една изборна единица, дополнително тој појасни дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90.

 

- Цениме дека со една изборна единица ќе се зголеми репрезентативноста односно секој глас на граѓаните ќе биде рефлектиран во парламентот. Практично ќе биде и по географска и по родова и по етничка застапеност ќе биде рефлектирано од граѓаните кон Собранието. Тоа е прва работа, втората работа што се однесува до изборниот праг апсолутно дека не треба да дискутираме  сега хипотетички што би било кога би било, ајде да одиме прво чекор по чекор, тоа е нашиот став затоа што ако веќе е во процедура законот за една изборна единица кој што во моментов во Собранието  е закочен, помина во комисија на прво читање, но меѓутоа понатамошниот тек на процесот практично е закочен и не би оделе со некој чекор понатаму хипотетички да кажуваме што би било кога би било. Што се однесува до изјавата на Павле Трајанов дека ВМРО и СДСМ си ја префрлаат топката апсолутно не се согласувам. ВМРО е конзистентно во ставовите, ние дадовме поддршка ако се сеќавате, рековме дека ќе го гласаме и даваме поддршка на законот за една изборна единица, вашата реплика треба да оди кон Социјалдемократскиот сојуз, затоа што СДСМ се тие кој во предизборниот период го ветуваше и го ставија во својата програма дека ќе има една изборна единица а до ден денес ништо не направи, потенцираше Ковачки.

 

Отворените листи во моментов за ВМРО-ДПМНЕ е прашање кое сеуште не е отворено, тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ предложи пред локалните избори да се оди со отворени листи да се види како тоа би функционирало на локално ниво но не дошле до разбирање од другите политички партии.

 

Дополнително Ковачки истакна дека не се согласува со тезите на власта дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ блокираат битни закони за граѓаните бидејќи пред некој ден во Собранието се покажало тоа што го кажале уште од самиот старт на блокада дека секој закон кој што е корисен за граѓаните ќе биде поддржан како што беше поддржан законот за земјоделство и рурален развој, но тоа што пратениците од власта не сакаат да поддржат ниту еден предлог на опозицијата за подобрување на животот на граѓаните е блокирање на битни закони.

 

- Апсолутно секој што поседува македонско државјанство треба да има право на глас, со стекнување на македонско државјанство ги стекнувате сите права и обврски кој што ви ги дава уставот на Република Македонија, со македонско државјанство вие имате право да бидете биран и да бирате, секој граѓанин треба да има право да гласа без разлика дали е присутен во Република Македонија или станува збор за државјанин кој е надвор од нашата држава, рече Ковачки.

 

Ковачки потенцираше дека легитимитетот доаѓа од електорат, според него без разлика со колкав број на гласови е избран е легитимен и претставникот на граѓаните од дијаспората е подеднакво легитимен со претставникот на резидентните граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk